Во предметите на специјалното јавно обвинителство обвинети се 142 лица, а најчестото дело за кое се гонат обвинетите е злоупотреба на службената положба и овластувањето, покажа првиот преоден извештај на ОБСЕ за активностите и предметите на СЈО за периодот од септември 2015 до јануари 2018 година.

Во извештајот се наведува дека СЈО води 20 предмети, и тоа 3 се поврзани со скандалот со прислушувањето против наводните автори на нелегалното прислушување и 17 предмети кои произлегуваат од прислушуваните разговори и наводните кривични дела што беа откриени со пресретнатите комуникации.

СЈО од Јавното обвинителство презеде четири предмети – „Монструм“, „Пуч“, „Сопот“ и „Шпион“.

Во извештајот стои дека за 20 истраги на СЈО се подигнати обвиненија заклучно до 30 јуни 2017 година, во кои се опфатени 142 обвинети, вклучително и 7 компании. 20 обвиненија се потврдени до крајот на јануари годинава, едно е делумно потврдено, а СЈО во моментот води 12 истраги.

Најчестото дело што се гони од страна на СЈО е злоупотреба на службената положба и овластувањето (9 случаи). Други клучни дела што ги гони СЈО се злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања, повреда на избирачкото право, злоупотреба на постапката за јавен повик, даночно затајување, примање награда за провизаконско влијание. Во два случаја се наведува постоење широки криминални мрежи, кои се изведуваат преку криминално здружување.

OhridNews

Макфакс