Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња Арвидас Сабонис изјави дека Македонија била ограбена на мечот со Црна Гора.
„Го гледав натпреварот Македонија-Црна Гора. Жал ми е што Македонците загубија на така чуден начин. Судиите ги ограбија“, рече легендарниот центар.
Во последниот напад на Македонија Бо Мекејлеб промаши положување, по што топката се одби до Чековски кој се обиде да ја врати во кошот, но во истиот момент Бјелица ја повлече мрежата.
„Судиите мораа да го сопрат мечот и да ја прегледаат забавената снимка за да бидат сигурни во тоа што се случи. Зошто ја имаме цела оваа технологија и толку камери кога судиите не ја користат како нивните колеги во НБА лигата?“, разочаран е Сабонис.
Сепак тој не ја префрла сета вина врз делителите на правдата.
„И судиите се луѓе и тие грешат, но екипите ја плаќаат сметката за нивните грешки, а во овој случај тоа е Македонија“, заклучи Литванецот.
Токму Литванија е следниот противник на Македонија вечерва со почеток во 21 часот.
Ohridnews
извор:„Макфакс“