Легендарниот литвански кошаркар, во една многу кратка изјава, успеа одлично да ја објасни ситуацијата со македонската сензација на Евробаскетот 2011.


– Се сеќавам на Олимписките игри во 1992 година. Тогаш ние (Литванија) игравме со големо срце. Бевме толку самоуверени, што чувствувавме дека никој не може да не победи. Македонија сега е иста како што ние бевме во таа 1992 година. Вашиот тим функционира перфектно заедно. Со таа самодоверба, Македонија може да победи секого“, вели Сабонис, пред да ни посака среќа во продолжението од шампионатот.

На Игрите во Барселона во 1992 година, Литванија го освои бронзениот медал. Арвидас Сабонис е сметан за еден од најдобрите центри во светот на сите времиња и дел е од „Халата на славните“ и на ФИБА и на НБА.

Ohridnews