Легендарниот литвански кошаркар Арвидас Сабонис доживеа срцев удар, откако завршил со рекреација.
Сабонис веднаш е хоспитализиран, а неговиот менаџер објави дека во моментот тој е надвор од животна опасност.
Инаку минатиот месец Сабонис е примен во Кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд, а со своите 221 сантиметри е највисокиот кошаркар што го добил тоа признание.
На НБА драфтот беше избран уште во 1986 година, во времето додека беше член на домашниот Жалгирис. Пред заминувањето во САД, шест сезони играше во Шпанија(Форум Ваљадолид и Реал Мадрид), а од 1995 па до крајот на кариерата играше за Портланд Трејл Блејзерс и за Жалгирис, од каде во 2005 година се прости од кошарката.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...