Заменичката на државниот секретар на САД, Венди Шерман, синоќа телефонски разговарала со генералниот секретар на француското Министерство за надворешни работи, Франсоа Делатр, а за најновите случувања на патот на Северна Македонија и Албанија за членство во Европската Унија, јавија од Стејт департментот.
Ова денеска го соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Заменик-секретарот Шерман и генералниот секретар Делатр разговараа и за најновите случувања околу патот на Албанија и Северна Македонија за членство во Европската Унија, се вели во изјавата на Прајс.
Прајс изјави дека тие разговарале и за тековните заеднички напори за обезбедување поддршка за Украина и да се повика Русија на одговорност поради „нејзината неиспровоцирана и неоправдана војна“.
Двајцата зборуваа за важната работа за ублажување на предизвиците за глобалната безбедност на храната што резултираа од акциите на Кремљ, соопшти меѓудругото Прајс.
OhridNews












