САД, со помош на меѓународни партнери, евакуираа повеќе од 124.000 луѓе од Авганистан, од кои 6.000 Американци, соопшти денеска Стејт департментот.

Сакам да им се заблагодарам на нашите сојузници и партнери. Оваа операција беше глобален потфат во секоја смисла. Некои земји помогнаа во воздушниот транспорт, додека други се согласија привремено или трајно да прифатат бегалци од Авганистан, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Повеќе од 20 земји учествуваа во акцијата за евакуација на американски државјани, дипломатски персонал од САД и други земји, и загрозени Авганистанци.

Работиме деноноќно за да се осигураме дека американските граѓани, ранливите авганистански цивили и другите можат безбедно да стигнат до нивните крајни дестинации, соопшти Стејт департментот.

OhridNews