Најмалку 50.000 евакуирани Авганистанци треба да бидат примени во САД по падот на Кабул во рацете на талибанците, изјави американскиот министер за безбедност, Алехандро Мајоркас.

Приемот на Авганистанците е дел од „трајната посветеност“ на Вашингтон кон луѓето кои им помогнаа на Американците за време на војната во Авганистан и другите кои беа загрозени поради доаѓањето на талибанците на власт, рече Мајоркас.

Повеќе од 40.000 Авганистанци веќе ги поминаа безбедносните проверки и пристигнаа во САД.

Се уште не е точно познато уште колку ќе дојдат во САД или колку време ќе трае процесот на нивно префрлање од други земји, кои привремено ги прифатија.

OhridNews