Во пресрет на 20-годишнината од терористичките напади на Ал Каеда врз САД, администрацијата на претседателот Џо Бајден, под притисок на семејствата на жртвите, најави дека ќе објави дел доверливи документи за кои семејствата сметаат дека можат да ја расветлат врската на Владата во Ријад и киднаперите кои ги извршија нападите.

The World Trade Center south tower (L) burst into flames after being struck by hijacked United Airlines Flight 175 as the north tower burns following an earlier attack by a hijacked airliner in New York City September 11, 2001.

Американските власти во понеделникот ветија дека ќе ги разгледаат доверливите документи поврзани со терористичките напади од 11 септември 2001 година, за да утврдат кој од нив може да биде објавен, бидејќи семејствата на жртвите постојано барале објавување на тие документи.Федералното истражно биро во писмо до државниот обвинител во Њујорк наведе дека „одлучи да ја преиспита“ својата привилегија да не објави одредени чувствителни документи и дека „ќе идентификува дополнителни информации погодни за откривање“.
САД се подготвуваат да ја одбележат 20-годишнината од нападот врз Светскиот трговски центар, Пентагон и авионот што се урна во Пенсилванија, со свечена церемонија планирана во Њујорк во присуство на претседателот Бајден.
Долгогодишната тужба против Саудиска Арабија постигна значителен напредок оваа година со испитување под заклетва на поранешни саудиски функционери, но изјавите се недостапни за јавноста, додека САД ги чуваат документите кои се сметаат за премногу чувствителни за објавување.
Министерството за правда во понеделникот изјави дека ФБИ неодамна заврши истрага во која предмет на истрага беа киднаперите на 11 септември 2001 година и потенцијалните учесници во нападот. Министерството не изјави ништо за заклучоците од истрагата.

 

ОhridNews