Загрижени поради насилствата од минатонеделните протести низ скопските улици се американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс и меѓународната заедница.
Како што пренесуваат медиумите, Волерс порачал дека мора да се работи на поголема меѓуетничка толеранција, а овие инциденти лесно можат да се злоупотребат за полтички цели.
„Овие настани укажуваат дека постои итна потреба токму од иницијативи, како што е оваа, која промовира меѓуетничка хармонија во Македонија.“ – изјавил Волерс по потпишувањето Меморандум за соработка меѓу Институтот за национална историја и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, јавува „МИА“.
Инаку, насилствата низ скопските улици не престануваат. По петочните и саботните нереди, во текот на изминатото деноноќе регистрирани се три посериозни инциденти, а повредени се 24 годишно момче од македонска, односно 16 годишно девојче од албанска националност.
OhridNews