СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Џ.(24) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“.

Во почетокот на 2009 година, во Охрид по наредба на истражен судија извршен е претрес во домот на пријавениот каде е пронајдена кесичка со наркотична дрога „хашиш“, додека  во април 2009 година на м.в. „Чекоштина“ засадил две стебла од растението „канабис сатива“ и истите ги одгледувал.

извор: МВР