– После завршеното сечење на старите садници липи и отстранување на стеблата, сега во тек е реализација на фазата на засадување на нови садници кои ќе бидат во поголем број отколку липите, информират од Комуналец. Оттаму посочуваат дека Лигуструмот е карактеристично украсно дрво со изразито густа крошна која е зелена преку целата година, не формира површински корени и отпорно е на климатски промени и аерозагадувања.
Во меѓувреме во центарот на градот продолжува акцијата на охридското „Супер радио“ за спас на липите. Иницијаторите бараат да запре реконструкцијата на дрворедите, односно да се преиспита оправданоста на целокупната постапка, за што тие предлагаат да се одржи нова јавна расправа на која ќе се чуе мислење од независни експерти и граѓаните.
Од Локалната самоуправа велат дека реконструкцикцијата на дрворедите се врши по претходно направени анализи на стручните служби, кои утврдиле дека старите липи имаат трули стебла и постои опасност од кршење, предизвикуваат сериозни оштетувања на инфраструктурата и се причина за појава на алергии кај луѓето.