Во организација на општина Охрид и друштвото за производство, трговија и услуги О3 Инвест Скопје, денес, на плоштадот кај Амамот се одржа Саем за Вработување и Пазар на Идеи во Охрид. На едно место се сретнаа фирмите кои нудат работа и граѓаните кои се заинтересирани да најдат соодветно работно место. Организациите и комапниите ги претставија  начинот на кој работат, како и условите што би требало да ги поседуваат кандидатите за вработување или пак за практикантска работа.

  • Пред да го организираме настанов извршивме истражување на локалното стопанство, да видиме со какви проблеми во однос на вработувањата се соочуваат фирмите, односно дали имаат потреба од нови работници. Исто така во соработка со Агенција за вработување бевме во комуникација што повеќе лица кои се водат на листата како невработени да бидат информирани и поканети на овој настан. Сите присутни компании кои се тука имаат реална потреба од вработувања,изјави раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.

Саемот за вработување, кој се организира во многу земји, ги поврзува организациите од различни сектори вклучувајќи владини, невладини, приватни и интернационални на едно место со високо конкуретни и професионални лица кои бараат работа.

Најбројни беа фирмите од областа на туризмот и од производниот сектор.

OhridNews