Сагата околу иднината на Карлос Тевез добива краен епилог и тој следните три сезони ќе го носи дресот на Јувентус.

Италијанскиот првак за услугите негови на Манчестер Сити ќе му исплати од 12 до 15 милиони евра, а агентот на Јувентус заедно со Тевез во тимот сака да го доведе и Огбона, кој е „вишок“ во премеирлигашот.

Аргентинецот одисејата во Премиер лигата ја стартуваше во Вест Хем, потоа прејде во Манчестер Јунајтед каде остана две сезони, а три години се задржа во плавиот дел од Манчестер.

Најплодни сезони за него беа оние кои ги мина на „Олд Трафорд“. Тој со „црвените ѓаволи“ стигна до две титули во Премиер лигата и една во Лигата на Шампиони.

Мх.П.