Поранешниот менаџер на Фулам, Ливерпул, Интер и моментално ВБА, Рој Хоџсон е нов селекторот на Англија. Хоџсон на клупата на “гордиот албион“ ќе го наследи италијанецот Фабио Капело.

По преземањето на функцијата селектор, Хоџсон објави дека имаат шанси да станат прваци на ЕП во Полска и Украина годинава. Исто така Хоџсон изјави дека во составот ќе биде Вејн Руни. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Руни е казнет со два натпревари откако на мечот со Црна Гора заработи црвен картон.

Мх.П.