Бранителот на трофејот Шпанија и Италија се пласираа во 1/4 финалето од Групата В додека Хрватска и Република Ирска го завршија настапот на ЕП.


Во последното коло од групата “црвената фурија“ минимално 1-0 триумфираше  над Хрватска. Стрелец на голот за шпанците вреден 1/4 финале беше Хесус Навас по несебичното додавање на Иниеста.

Избраниците на Прандели ја остварија победа од 2-0 која им донесе 1/4 финале. Касано во првиот дел и Балотели во вториот дел беа стрелци за Италија.

Шпанија со седум бодови ја освои првата позиција во групата. “Азурите“ со пет бодови завршија како второпласирани. Хрватска со четири бодови финишираше трета, а Република Ирска со три порази во исто толку натпревари заврши на четвртата позиција.

Мх.П.