Претставници од компанијата денес оствариле кратка средба со градоначалникот Никола Бакрачески, на која било изнесено барањето, со објаснување дека дополнителните 17 хектари се потребни за изградба на сместувачки капацитети во кои ќе биде сместен персоналот кој ќе работи во комплексот.
– На 11 и 12 јули во Охрид ќе престојува и самиот сопственик на групацијата , Субрата Рој, кој очекувам дека ќе ми ги соопшти сите поединости околу текот на подготовките за реализација на проектот, кои верувам ќе течат во најдобар ред и дека до 2020 комплексот ќе биде изграден, рече Бакрачески.
На 12 јули во Охрид, од страна на Субрата Рој ќе биде организирана и свечена вечера на која се поканети премиерот Никола Груевски, ресорните министри од министерствата инволвирани во реализцијата на проектот, како и американскиот и англискиот амбасадор и други претставници од дипломатскиот кор во Македонија.