Турскиот репрезентативец роден во Германија, Нури Сахин е прогласен за најдобриот фудбалер изминатата сезона во најсилната германска фудбалска лига во изборот на реномираниот спортски магазин „Кикер“ .


Нури Сахин ова значајно признание го заслужи со партиите што ги пружи во дресот на годинешниот германски шампион Борусија Дортмунд. Во изборот учествувале сите фудбалери од германската Бундеслига, а Сахин добил 46,1 отсто од гласовите.

Како што веќе е познато од идната сезона Турчинот роден во Германија ќе настапува за мадридски Реал.

Втор според гласовите во изборот на магазинот е неговиот соиграч Марио Гоетц, а третиот Чилеанецот Артуро Видал од Баер Леверкузен.

извор Макфакс
Ohridnews