Возачот на Ферари, Карлос Сајнц победи на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена на патеката „Силверстоун“ за Големата награда на Велика Британија. За Шпанецот оваа победа беше прва во кариерата.

 

Долго време, неговиот тимски колега Шарл Леклер беше во водство во трката, но кон крајот на трката, Сајнц го искористи влегувањето на безбедносното возило, стави нови гуми и успеа низ целта да мине прв.

Втор беше Срехио Перез од Ред Бул, трет Луис Хамилтон од Мерцедес.

Актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул поради технички проблеми не можеше да конкурира за високите места и заврши на седмото место.

Во првиот круг од трката имаше тешка несреќа. Болидот на возачот на Алфа Ромео, Гуанју Жоу, се превртел и излетал од патеката со полна брзина. Трката беше прекината со црвени знамиња, а кинескиот пилот веднаш беше испратен во болница. Првичните информации се дека тој избегнал сериозна повреда.

Од четвртото до десеттото место се пласираа: Шарл Леклер (Ферари), Фернандо Алонсо (Алпин), Ландо Норис (Мекларен), Макс Верстапен (Ред Бул), Мик Шумахер (Хас), Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Кевин Магнусен (Хас).

OhridNews