Вчера околу 15.50 часот во Скопје, во депото на Македонски Железници, 14-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. Но, кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, бил удрен од струен удар и притоа се здобил со тешки телесни повреди.
Од страна на екипа од Итна медицинска помош малолетникот бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде е задржан на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
OhridNews
фото: Илустрација