Педесетгодишен стружанец преживеал струен удар, при ракување со електрична пумпа за вода.
Несреќата се случила денеска околу пладне на Женска плажа во Струга, кога лицето ја поставувало пумпата во езерото. Поради невнимателно ракување дошло до краток спој, кој за среќа не бил кобен по него. Повредениот стружанец по преживеаниот шок, бил пренесен во градската болница каде му биле констатирани повреди здобиени од струен удар, кои не биле животозагрозувачки.
Случајот полицијата го окфалификува како несреќa.