Универзитетот за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, работи легално и според законските прописи, изјави ректорот Благоја Самакоски, одговарајќи на изнесените обвинувања во јавноста дека оваа високо образовна институција ги нема потребните акредитaции за вршење на дејноста.
Тој посочи дека универзитетот работи од 08 до 23 часот и во тој период е полн со студенти, кои се под надзор на професорите. „ Универзитетот има 14 спортски клубови, фото клуб, што значи гаиме и други активности“, додаде ректорот Самакоски, потенцирајќи дека универзитетот „Св. Апостол Павле“ функционира без проблеми.












