Лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија Андонис Самарас го врати мандатот за составување на Влада на претседателот Каролос Папуљас, јавува „Макфакс“.
„Направивме сè што е во наша моќ. Невозможно е(да формиреме влада)!Го вратив мандатот“, соопшти лидерот на нОва демократија.
Самарас, чија партија доби најголем број гласови на неделните избори, прв доби можност да формира влада.
По неговата одлука да го врати мандатот, следна на ред е левата коалиција Сириза, која е на второ место според бројот на освоени гласови.
Се очекува претседателот Папуљас денеска да се сретне со лидерот на крајната левица Алексис Ципрас.
извор: „Макфакс“