Самарас: Македонија да прифати едно име за севкупна употреба
29.06.13 17:14
Грција ќе ѝ помогне на Македонија да влезе во Европа само ако се откаже од иредентизам и прифати едно име за севкупна употреба, порача денеска грчкиот премиер Андонис Самарас во говорот на 9 -от конгрес на партијата „Неа демократија“.
„Проблемите кои постојат во земјите од соседството треба да се решат, а не да се ставаат работите под тепих. Ние сакаме мирно да живееме со нашите соседи, ако сака Скопје да влезе во Европа ние ќе им помогнеме, но тие треба да се откажат од нивниот иредентизам. И да се согласат за едно име за севкупна употреба кое нема да задира во грчка Македонија.“ – изјави Самарас, пренесува „Канал5“.
Инаку, како што јави дописникот на Канал 5 од Атина, откако Самарас завршил со делот посветен на Македонија, му се слошило, па не го продолжил говорот, туку побарал да седне.
Како изгледале ранохристијанските базилики на Плаошник и Студенчишта во полн сјај пред 1500 години Одговорот денес не е само во археолошките книги, туку и пред очите на посетителите – преку 3...
На 12112026 во 18:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на 41 и 52-годишни лица од охридското село Долно Коњско Повредени лица нема, а интервенирала Територијал...
Запленети се 734 кубни метри дрва и поднесени се 147 прекршочни и кривични пријави во интензивираните акции на Шумската полиција, кои се спроведуваа во текот на октомври, против бесправната сеча, т...