Литванскиот тим, во реваншот, во Доњецк загуби од истоимениот тим со 80:78, но пласман меѓу најдобрите четири екипи избори благодарение на победата во првиот меч од 76:65.
Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски, беше еден од подобрите во редовите на Доњецк со 11 поени, 1 скок и 2 украдени топки.
Во руската четвртфинална пресметка, Локомотив го победи Химки со 81:77, но пресудна беше победата на Химки од 81:72 на првиот меч. Илиевски и Мејси одиграа одличен натпревар, Илиевски заврши со 11 поени и по еден скок и асистенција, додека Мејси имаше учинок од 19 поени и 8 скока.