Центарот во македонската кошаркарска репрезентација Предраг Самарџиски потфрли на дуелот со грците, но одигра солидна партија во триумфот над Холандија 78-71 во втората рунда од групната фаза на Евробаскетот.


– Самиот знам и свесен сум кога ќе одиграм слабо. Таков меч имав против грците, но против холанѓаните одговорив на критиките и му помогнав на селекцијата да стигне до првата победа. Никогаш не ме интересира личниот учинок, кога селекцијата победува. – рече Самарџиски.

Тој на теренот мина 19 минути, а имаше учинок од шест поени, пет скокови и две загубени топки.

– Победата на Холандија над Грузија малце не отрезна и сфативме дека без добар пристап нема да можиме да славиме. Холандија покажа дека неслучајно е на ова ЕП, но и нашето искуство пресуди во клучните моменти. – заврши популарниот Пеџа.


Ohridnews