полуфиналето на Евробаскетот не е само најголем успех на кошаркарската
репрезентација, тоа е најголем успех на македонскиот спорт воопшто.
„Ние дванаесетмина сме
буквално како браќа. Растеретени сме од меч во меч, не не оптоваруваат
признанија, награди и премии. Играме за нашиот народ чие срце е полно,
како и нашето после секоја победа. Правиме се од срце со големо
задоволство. Оваа победа сакам да му ја посветам на Тодор Гечевски. Тој е
нашиот лидер, самото негово присуство на клупата и покрај нас многу ни
значи и тој ни е потребен. Ова беше една нова голема тимска победа -истакна Самарџиски.
Човекот виновен за овој успех Марин Докузовски уште еднаш ја поведе својата “фаланга“ до нова победа. – Со оваа победа уште еднаш докажавме дека сосема заслужено сме во
самиот европски врв. Игравме паметно, без притисок, упорно и знаевме што
треба да направиме. Знаевме дека ако ја одржиме резултатската
неизвесност во првите три четвртини, во последната ќе ја добиеме нашата
шанса за победа, затоа што притисокот ќе падне врз домаќинот.
Презадоволен сум од настапот на сите мои кошаркари кои уште еднаш
максимално посветени го оставија срцето на терен. Ова е голема тимска
победа за нас и за Македонија“