Селекцијата домаќин на Купот на Конфедерации, Бразил со победа од 3-0 над Јапонија стартуваше во походот кон трофејот.


Натпреварот покрај прецизната игра на „кариоките“ го одбележа погодокот на Нејмар во 3-та минута за водство на “жолтите“. До крајот на мечот Паулињо зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Жо во последната минута.


Во вториот ден од Купот на Конфедерации ќе се сретнат Мексико – Италија и светскиот првак Шпанија со Уругвај.

Мх.П.