Само деведнаесет од вкупно 671 социјално загрозени граѓани успеале да добијат бесплатна правна помош од државата, во периодот од февруари оваа година до денес.
Од нив, иако сите на работ на сиромаштијата, само 86 лица ги исполниле високо поставените законски услови за остварување на правото да побараат од државата одобрување на адвокат,кој ќе го плати државата согласно Законот за бесплатна правна помош.
10 лица биле приморани да се откажат од поднесените барања или морале да ја напуштат државата поради депортација како нелегални мигранти.
Инаку, анализата е дел од активностите на проектот Пристап до правда во Македонија, финансиран од Европската Унија, и неговата цел е унапредување и промовирање на правото на бесплатна правна помош. Проектот го координира Фондацијата Отворено општество – Македонија
OhridNews