Само 4 од 9 плажи на Струшкото крабрежје имаат ангажирано спасители, иако според договорите за концесија се обврзани да се погрижат за  безбедноста за капачите заклучно со 15 јуни.

Наташа Хиохи од Црвениот крст во Струга, кој ги координира струшките спасители на вода вели дека последната несреќа на Машка плажа треба да биде предупредување за концесионерите на плажите, што побрзо да си ја исполнат својата обврска и да ангажираат спасители.

-Иако многу пати ги советувавме концесионерите, до сега спасители ангажираа 5 плажи. Помеѓу плажите кои немаат спасители има и такви кои се многу фреквентни и многу често посетувани, па може да замислите во каква опасност секојдневно се соочувата капачите, вели Хиохи.

Таа се надева дека сепак апелите кои секојдневно ги упатуваат до концесионерите ќе вродат со плод и дека пред шпицот на сезоната, сите струшки плажи ќе добијат спасители.

OhridNews