Крајот на “калчо лигата“ ќе биде неизвесен. Јувентус на домашен терен не успеа да го совлада Лече ремизирајќи 1-1. Милан киксот на “старата дама“ го искористи да дојде на еден бод разлика откако триумфираше над Аталанта со 2-0.



Интер со поразот на гостувањето кај Парма се збогуваше со третото место кое води во Лигата на Шампиони. Иста судбина доживеа и Лацио кој на домашен терен го подели бодовите со Сиена, додека Удинезе минимално славеше против Чезена.

Резултати : Милан – Аталанта 2-0, Лацио – Сиена 1-1, Јувентус – Лече 1-1, Чезена – Удинесе 0-1, Парма – Интер 3-1, Фиорентина – Новара 2-2, Катанија – Болоња 0-1, Џенова – Каљари 2-1.

Табела : Јувентус 78, Милан 77, Наполи 58, Удинезе 58, Лацио 56, Интер 55. . .

Мх.П.