Само две охриѓанки за период од една година го искористиле правото на породилно отсуство со дополнителни три месеци покрај редовните девет.

Според податоците на Фондот за здравствено осигурување, вкупно 78 жени од земјава го искористиле ова право, а меѓу нив најбројни се од Скопје-43, Штип – седум и по четири во Битола и Струмица.

Овие дополнителни месеци кои не се платени, можат да се искористат веднаш или во период додека детето наполни три години.

OhridNews