Повеќе од 6 000 штедачи во наредниот неколку дена ќе добијат по еден отсто од своите штедни заштеди, кои ги изгубија со пропаѓањето на штедилницата „ТАТ“ во 1997 година, пишува „Нова Македонија“.

Ова следува по продажбата на златото и златниот накит на Соња Никoловска, кој со правосилна судска пресуда  им беше доделен на штедачите.

Инаку, за обештетување на штедачите ќе бидат издвоени над 15 милиони денари.

OhridNews
извор: „Нова Македонија“