Понудата била отворена во саботата од страна на специјално формирана комисија составена од експерти и професори на соодветни факултети. Истата по разгледувањето треба да изготви извештај кој ќе им биде доставен на градоначалниците на Охрид и Струга, кои согласно утврдената процедура треба да се изјаснат за понудата во рок од 180 дена. Во овој период стручните служби на „Проаква“ ќе направат детални анализи на техничките детали од понудата.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, неодамна најави дека странскиот инвеститор кој ќе ја добие под концесија „Проаква“, ќе инвестира помеѓу 15 и 20 милиони евра во реконструкција на застарената водоводна мрежа и изградба на нови водоводи.
Неодамна советот на општина Охрид донесе одлука за поскапување на цената на водата за 20 отсто. Локалната самоуправа поскапувањето го оправда со обврска која произлегува од договорот склучен помеѓу владата, ЕБОР и поранешните градоначалници на Охрид и Струга склучен пред повеќе од 11 години, додека опозицијата во советот обвини дека тоа се прави заради бизнис интереси поврзани со продажба на Проаква.
Поради финансиски проблеми, вработените на МЈП „Проаква“ од неодамна се испраќаат на принуден одмор, а се најавуваат и други мерки со цел да се разционализира и стабилизира работењето на јавното претпријатие. Долговите на „Проаква“ во моментов се проценуваат на 25. милиони денари, платите доцнат, а проблеми има и со плаќање на придонесите.