Охридскиот ракометен состав на три рунди до крајот од шампионатот гостува во Скопје кај Работнички. Избраниците на стратегот Ѓоко Апостолов немаат премногу избор освен победа, која ќе ги одржи во живот суперлигашките амбиции.

– Одиме на победа по секоја цена. Крајно сме мотивирани и до некаде бесни за се што ни се случи на крајот од сезоната. Поразот од Младост и ремито против Струга тешко ги прифативме, па затоа сега сме решени да ги поправиме грешки и да извојуваме триумф – рече Трифуноски.

Покрај победа на Охрид, лидерот на табелата во Првата машка ракометна лига Струга не смее да триумфираа против Ринија на гости.

За во последното коло да решаваат Струга и Радовиш, која екипа од нив ќе се пласира во Супер лигата, но за овие математики потребен е триумф на охридските ракометари.

Мх.П.