– Со квалитативните тренинзи и максимално залагање како од играчите така и од тренерите забележавме добри резултати. На почеток амбициите беа скромни но сега се јасни влез во Втора Македонска лига – вели Љупчо Танески.
Само победа е во мислите на охриѓани кои ја темпираат формата за мечот со Лирија . – Ако ја повториме играта од последниот натпревар, гостите нема што да барат во Охрид. Со победа ќе се замешаме во трката за место во Втората лига – истакна Танески.
Натпреварот Охрид – Лирија се игра в недела од 15 часот.