Истрагата на обвинителството резултираше со многу казни за клубови и играчи, додека тренерот на Јувентус, Антони Конте доби деветмесечна суспензија. Против Кришито немало доволно докази. „Ова е убав ден, среќен сум поради одлуката на судот, но многу сум лут бидејќи поради тие обвиненија јас го пропуштив ЕП. Нема да барам обештетување, се обидувам на вистински начин да се изборам со целата ситуација“, им изјави Кришито на италијанските новинари.
Бекот на руски Зенит беше обвинет дека учествувал во местење на резултатот на својот тогашен клуб Џенова против Сампдорија одигран во 2011 година.