Уште два дена остануваат до најголемата предновогодишна забава во Охрид.

На 26-ти декември, петок, Петар Маркоски квартет и Горан Папаз ќе одржат концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Концертот ќе биде празничен подарок за охриѓани кои ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во безвременските новогодишни класици. 

Влезниците за предновогодишниот концерт на Петар Маркоски квартет и Горан Папаз можат да се купат по цена од 200 денари на билетарницата при Центарот за култура и “Tobacco Fibos” – трафиката среде чаршија. 

Амбиентот во кој ќе се одржи концерот ќе блесне во празнично руво благодарение на извонредните креации на “Impact group”, a за посетителите се предвидени пријатни празнични изненадувања. Спонзори на концертот се „Инекс Горица“, „Мистер И“, „Тиквеш“, „Кадмо“ и „Пела принт“, помагатели се студиото „Арс Нова“ и фестивалот „Охридско лето“, а медиумската поддршка ја обезбеди најпосетуваниот интернет портал во регионот „OhridNews“.

Концертот започнува во 20 часот.

OhridNews