
– Единствено нема да се гради амбулантата во населеното место Св. Стефан во Охрид, бидејќи локалната самоуправа скоро две години не го донесе ДУП-от и поради тоа не може да биде издадена градежната дозвола за изградба на оваа амбуланта, рече заменик-министерот за здравство Јовица Андовски одговарајќи на пратеничко прашање на седница во Собранието.
Со изградбата амбулантите во руралните средини услуги од примарната здравствена заштита ќе добиваат меѓу 35-45 илјади жители, велат од Министерството за здравство.












