Според последните извршени мерења, денес нивото на водата во Охридското езеро е на 693,21 метри надморска височина, што значи дека е на 4 сантиметри над природното ниво, односно на 11 сантиметри над со закон утврдената кота од 693, 10.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, само за еден ден нивото на водата во езерото е зголемено за три сантиметри. Вчера тоа се наоѓало на 693, 18 метри надморска височина.


Обилните врнежи од снег и дожд и интензивното топење на снегот како резултат на благото зголемување на температурата во охридскиот регион во текот на последните неколку дена доведе до значително зголемување на нивото на водата во езерото. Само за споредба, од месец декември кога нивото на водата се наоѓаше на 693, 12 надморска височина, до сега   нивото е повисоко за 9 сантиметри.

Со топењето на снегот во наредните неколку месеци се очекува постојано зголемување на нивото на водата и полнење на езерото со нови количини вода.

OhridNews