Sky Corner

Од 07.01.2022 - 21:00 до 08.01.2022 - 01:00

Празниците се за уживање, а нема подобар начин тоа да биде со добра музика, во одбрано друштво и амбиент кој плени во секој поглед. А ако на тоа се додаде маестро Игор Димовски и неговиот извонреден музички проект „Пауза за ракија“, тогаш квалитетната забава со рафиниран избор на најдобрите рефрени од Балканот, е загарантирана.

Настанот кој ќе биде збогатен со промоција на вината на „Тиквеш“, ќе се одржи на 7 јануари. Паузата за ракија во „Скај Корнер“ почнува во 21 часот, а местата се ограничени.

Ова е втор проект насловен „Пауза за ракија“ на Игор Димовски, кој доживеа голем успех. Се работи за концептуално осмислен настап со внимателно избрани мелодии кои допираат до срцето.

OhridNews