Самостојна изложба на охридскиот уметник Сашо Блажес во Венеција
12.11.24 13:04
Самостојната изложба насловена „Lost in reflection” на охридскиот уметник Сашо Блажес е отворена во „Blue Gallery“ во Венеција. Истата има за цел да ја истражува сложеноста на перцепцијата и на рефлексијата. Изложбата, која ќе биде отворена до 8 декември, обединува серија на неизложени дела кои претставуваат ново поглавје во уметничката еволуција на Блажес.
Уметничката трансформација на Блажес е обележана со пет големи изложби во градови како Берлин и Париз. “Lost in reflection” е дел од тоа патување, во кое авторот се фокусира на личното размислување и на концептот на губење на идентитетот.
Отстранив три букви од моето име, како знак на нов почеток. Овој симболичен гест не е само игра на букви, туку чин на обновување кој го означува почетокот на еден нов идентитет, поврзан со минатото, но проектиран кон мое подлабоко лично откритие, вели Блажес.
Нуркањето во езерото за Блажес е метафора за потопување во сопствените длабочини. Охридскиот подводен пејзаж каде уметникот живее станува симболично и мистично место. Езерото опишано како одраз на внатрешноста и на најинтимните емоции, станува огледало на душата. „Нурни до дното“ е покана која Блажес ни ја упатува нам, внатрешно патување во кое го истражува она што е скриено под површината,а притоа изнесувајќи на виделина „ненаситни форми и силуети“, во простор кој изгледа населен со мистериозни суштества. Овие фигури потопени во геометриски и апстрактен универзум ја рефлектираат кршливоста и двојноста помеѓу она што се појавува и она што останува скриено.
Во ова истражување, Блажес се соочува со концептот на нијансиран и променлив идентитет. Отсуството на прецизни детали во неговите субјекти сугерира желба да се растворат границите помеѓу индивидуалноста и околниот универзум. Неговите портрети не се препознатливи: тие се чини дека се раствораат во платното, како човечката фигура да е дел од течна и неопределена целина, каде границите на егото се мешаат со околината. Исчезнувањето на дефинираното лице и тело е знак на оддалеченост од класичните претстави и начин да се истражи невидливата суштина која живее во секое битие.
Оваа венецијанска изложба претставува пресвртна точка за Блажес, уметник кој ја напушта сигурноста на формата за да се впушти во двосмислени и недефинирани територии. Изложбата ја предизвикува јавноста на едно размислување за својот идентитет и значењето на нивните најинтимни искуства, поттикнувајќи ја на размислување за она што произлегува од длабочините и она што ние претпочитаме да го криеме. Блажес создава еден контемплативен простор, каде што уметноста се спојува со егзистенцијалната филозофија и внатрешната медитација, нудејќи пат кој води кон повторно откривање на идентитетот во постојана трансформација.
“Lost in reflection” е визуелно и емоционално патување кое го повикува гледачот да се препушти себе си да биде одвлечен во длабоките води на сопственото несвесно, да ги открие оние неконвенционални фрагменти во себе, наоѓајќи во сликата на Блажес еден водич за лично и тивко патување, во кое вистинскиот идентитет се појавува само тогаш кога секое размислување се раствора.
Изложбата е остварена на покана на галеристот Силвио Паквалини, директор на Blue Gallery од Венеција и соработка на Блажес со кураторот Камило Ракана од Париз.
На 12122025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалисти...
На 12/13122025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското Езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, про...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има во Кичево и Ботун, информира ЈП „Македонија пат“ &nb...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.