Куќа на Уранија

Од 02.08.2019 - 20:00 до 09.08.2019 - 12:00

На 2 Август, во летната резиденција на МАНУ, Куќата на Уранија во Охрид во 20 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Обоена колекција на радост“ на најнови дела од уметникот Сашо Блажес.

Изложбата ќе ја отвори м-р Мирко Вујисиќ, редовен професор на Факултетот за Ликовна Уметност од Скопје.

Сашо Блажес на оваа изложба постави дела кои со својата сликовна еманација се со нова, еволутивна подразбирлива изразност до колку се познаваат претходните фази и процеси во неговото уметникување. Првичната афирмација ја стекнува со графики и цртежи, колоритно изработени во комбинираните техники. Од нив се исчитува сложен, дескриптивен свет на алегорична и гротескна симболика на ликови и фигури. Тие сценски раскази, изработени со арабескен ракопис, јасно ги дефинираат внатрешните светови на фантазмот што е егзактно опишан секому да е поимлив, во секого присутен низ личните отелотворени сновиденија. – вели професорот Вујисиќ.

OhridNews