Фудбалерот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ е пред сензационално враќање во најтрофејниот клуб во Италија, Јувентус.

“Старата дама“ го продава името на стадионот на Самсунг за 120 милиони евра во наредните години, а со тие пари управата на “бјанконерите“ покрај Ибрахимовиќ сакаат да ангажираат уште некои фудбалери.

Швеѓанецот со босанско потекло во дресот на Јувентус осво две Скудета, но тие им беа одзмени по скандалот калчополи и доделени на Интер. “Ибракадабра“ во Серија А покрај Јувентус има настапувано за Интер и Милан.

Мх.П.