Поранешниот фудбалер на Барселона, Интер и Челси, Самуел Ето поминал една ноќ во болница после сообраќајната несреќа која ја имал со автомобилот во родната земја Камерун.

Ето бил хоспитализиран со лесни повреди на главата, но морал да помине барем 24 часа под специјален лекарски надзор.

До несреќата дошло откако на неговиот автомобил налетал автобус. Автомобилот е комплетно оштетен, а Ето имал голема среќа при сообраќајката.

Камерунецот богатата и трофејната фудбалска кариера ја заврши минатата 2019 година.

OhridNews