Во рамки на глобалната кампања „Час на планетата Земја“, синоќа во Охрид во периодот од 20.30 до 21.30 часот потонаа во мрак Самуиловата тврдина и црквата Св.Јован Канео.

Во кампањата се вклучија и волонтерите на општинската организација на Црвениот крст Охрид. Тие со факели во рацете пеш пристигнаа до Самуиловата тврдина и црквата Св.Јован Канео каде со светлина испишаа 60+, што ја симболизира кампањата за спас на планетата Земја.

Охрид и Македонија и оваа година беа дел од глобалната кампања „Час на планетата Земја“ во која се приклучија над 7000 населени места низ целиот свет.

Фото галерија:

 

OhridNews
фото: Анамарија Момироска