Арсенал не успеаа да го совлада Норвич, на Емирати откако ремизираше 3-3. Киксот “топџиите“ го зачинаа со повредата на десниот бек Бакари Сања, кој ја скрши ногата и го очекува долга опоравување.


Францускиот репрезентативец Сања, втор пат оваа сезона се здобива со скршеница на ногата. Селекторот на “триколорите“ Лоран Блан, на десната бековска позиција ќе мора да бара соодветна солуција откако Сања со сигурност ќе го пропушти Европското првенство. Франција во групата се наоѓа со Англија, Украина и Шведска.

Мх.П.