Екипи на јавното претпријатие „Градски пазар” изведуваат активности за санација и реконструкција на детското игралиште во рамки на ООУ „Братство единство” Лескајца, информираат од Општина Охрид.
Предвидено е да се изврши промена на оградата, поставување на спортски реквизити, реконструкцијата на трибините и фарбање на игралиштето, додаваат.
Средства за овие активности се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews












