ЈП „Нискоградба“ изврши санација на „мостот на желбите“ во насока на зголемување на безбедноста на граѓаните кои минуваат оттука.

Наша екипа по барање на граѓаните изврши санација на „мостот на желбите’’ кој го поврзува Канео со Св.Софија. Поради оштетување на подлогата се изврши замена на оштетените талпи со нови со што се зголеми безбедноста на минувачите, информираат од претпријатието.

Овој потег,  додаваат, наиде на поздравување од месното население како и од туристите кои за време на санирањето минуваа по мостот.

OhridNews