Деновиве во Охрид беа санирани оштетените контејнери низ охридските улиците. Како што информираат од охридското јавно претпријатие „Комуналец“, се врши санација на тркалата, кои најчесто страдаат кај овие објекти.
Исто така, оттаму ги информираат граѓаните дека во скоро време старите контејнери за отпадоци ќе бидат заменети со нови.
О.Т.