Деновиве јавното претпријатие „Градски гробишта“ реализира низа работни активности на неколку локации во градот. Во Стариот дел на градот, на улица „Григор Прличев“, беше извршена санација на потпорен ѕид од камен во должина од 5,4 метри и висина од 1,5 метри.
Во населбата Охридати се изврши поплочување со бекатон плочки на површина од околу 150 метри квадратни, а во кругот на градските гробишта се изврши ископ на канали со цел заштита од поплави.
OhridNews















